
Завчера дупка, вчера решение со чунче, односно сообраќаен конус - вака се реши проблемот на една скопска улица за кој вчера пишувавме.
„Решена“ е новата дупка за која граѓаните предупредија дека „се отворила... кај маркет Зур“, на улицата „Владимир Полежиновски“, односно за стари скопјани „Иван Милутуновиќ“. Врз неа некој ставил чунче, споделија центарци.
Вчера, тие побараа одговор дали инвеститорите кои користат тешка механизација сносат одговорност за евентуалната штета што ја предизвикуваат врз јавната инфраструктура и кој ќе ја надомести штетата доколку поради ваквите оштетувања бидат оштетени возила или дојде до сообраќајна незгода.
Жителите апелираат до надлежните што поскоро да извршат увид на терен и да го санираат оштетувањето, со цел да се спречат поголеми последици и да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот.