„Скопско лето“ повеќе од еден месец носи богата културна програма во Скопје

Концерти, театарски претстави, изложби, книжевни вечери и настапи на домашни и странски уметници веќе повеќе од еден месец се дел од програмата на „Скопско лето“, еден од најпрепознатливите летни културни фестивали во земјата.

На различни локации низ Скопје речиси секојдневно се одржуваат настани што ги исполнуваат летните вечери со музика, уметност и култура, привлекувајќи публика од различни генерации.

Од музеи и галерии, други отворени простори, фестивалот создава можност културните содржини да бидат поблиску до граѓаните. Програмата е разновидна и опфаќа повеќе уметнички жанрови, па секоја фестивалска вечер нуди различно доживување. Дел од настаните се случуваат во Скопската чаршија која е особено жива во текот на летниот период. 

Сепак, и покрај богатиот распоред на настани, дел од граѓаните сè уште не знаат дека „Скопско лето“ е во тек. Фестивалот со години е важен дел од културниот календар на Скопје и претставува простор за промоција на домашната и меѓународната уметничка сцена. За љубителите на културата, ова е можност да откријат нови автори, да проследат квалитетни изведби и да ги доживеат градските простори во поинакво светло.

До крајот на фестивалот остануваат уште бројни настани, па вреди да се погледне програмата и да се искористи можноста летните вечери да се поминат во знакот на музиката, театарот, изложбите и уметноста. Фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура и туризам и Град Скопје, а програмата ја реализира Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, во соработка со бројни национални културни установи и меѓународни партнери.

Настаните можете да ги погледнете тука.