Скопски Водовод со скратено работно време утре и во сабота

ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува корисниците на услугите, дека утре (петок), шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието ќе работат само прва смена од 07:30 до 15:30 часот.

- На 11.04.2026 година (сабота) шалтерите ќе работат од 09:00 до 14:00 часот. 13.04.2026 година (понеделник) е неработен ден. Со редовно работно време ќе се продолжи од 14.04.2026 година (вторник), информираат од скопски Водовод.