Скопски „Водовод“ со нова поддршката на мисијата на СОС Детско село

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека како општествено одговорно претпријатие, веќе две години континуирано ја поддржува мисијата на СОС Детско село, преку реализација на различни активности со цел поттикнување на индивидуалната филантропија.

Овој пат, повторно, со сметките за месец ноември 2021 година, до сите корисници на услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје се доставува информативен додаток со повик за донирање.

– Корисниците на услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во информативниот додаток кој е во прилог на сметките за месец ноември, 2021 имаат можност да ги видат сите новитети и реализирани активности во текот на годината која изминува, но и можност да станат наши пријатели и пријатели на СОС Детско село преку донации за децата и младите без родителска грижа поддржани од СОС Детско село. Имаме можност да ја осветлиме иднината на децата без родителска грижа, вреди да ја искористиме, изјави генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски,

Национален директор на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо изрази благодарност што ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и овој пат е дел од новогодишната кампања на Детското село.

– Во месец декември корисниците преку информативниот додаток во сметката, на лесен и едноставен начин може да донираат и да станат наши СОС Пријатели бидејќи празниците се секогаш поубави во друштво на пријателите. Донирајте и осветлете ја иднината на децата без родителска грижа, порача Накова Гапо.

Освен преку информативниот додаток, донациите може да се извршат и преку веб страната на ЈП Водовод и канализација – Скопје, https://www.vodovod-skopje.com.mk/ каде е поставен директен линк до веб страната за донации или директно на следниот линк: https://sos.org.mk/osvetli-ja-idninata/