Скопски таксист одбил да вози „претовар“, па добил ќотек - му го скршиле и мобилниот

Таксист од Скопје синоќа бил физички нападнат во Центар, откако одбил да превезе повеќе лица од дозволеното.

Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска во 02:00 часот во СВР Скопје, Љ.Б.(54) од Скопје пријавил дека околу 01:30 часот на подрачјето на Центар, откако одбил да превезе повеќе лица од дозволеното во неговото такси возило, бил физички нападнат од едно лице, кое му го оштетило и мобилниот телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.