Скопската Зоолошка градина со историски рекордна посетеност

Од скопската Зоолошка градина споделија дека изминатиот празничен викенд е забележана историски рекордна посетеност на скопската зоолошка во 97 години постоење.

-За само три дена, ЗОО Скопје ја посетија над 25 000 посетители, земајќи во предвид и дека за децата до 3 години влезот е бесплатен, информираа оттаму. 

-Тимот на Зоолошка градина Скопје и понатаму ќе работи на што поголема благосостојба на животните, убави и разиграни живеалишта и секако на нови доживувања за посетителите. Кај нас секоја прошетка е единствено и уникатно доживување, ви благодариме што ЗОО Скопје е вашето омилено катче за посета, но и убедливо најпосетеното место во државата, споделија од зоолошката градина.