Скопската околина од убав агол: Поглед од Шишевскиот манастир кон Матка!

На помалку од 20км југозападно од главниот град на Македонија, по долината на реката Треска, се крие таинствен свет со високи карпи, чудесни пештери, разни ендемски видови дневни и ноќни пеперутки, лековити води и растенија за кои постојат верувања дека им помагаат на глувонемите луѓе. Кањонот Матка е гордост на Скопје, но и на цела земја!

Матка е најстарото вештачко езеро во Македонија, кое било создадено со преградување на реката Треска со брана и создавање на вештачка акумулација, која била изградена во 1938 година. 

Високо над карпите на Матка, од десната страна на реката Треска, е лоциран манастирот Свети Никола Шишевски или уште познат како Шишевски манастир кој потенува од средновековието. 

Теренот е недостапен за моторни возила и планински велосипеди и е единствено достапен пеш од три правци: од мостот на реката Треска во близина на кајакарските терени кај манастирот Света Богородица во Долна Матка (половина час пешачење); од селото Шишево (1 час); како и од врвот на планината Водно (2 часа и 30 минути). Од градот Скопје е оддалечен 18 километри, а од селото Шишево околу 3 километри.

Фотографија токму од ова светилиште со поглед кон кањонот Матка, сподели еден скопјанец во фејсбук групата „Стари скопјани“.

Божја убавина, недпопрена природа, идила - поглед кон Матка од Св. Никола Шишевски!