Скопска викенд-слика, кокошки и петли на булевар

Викендов времето беше преубаво, создадено за прошетки и релаксација за сите, па дури и за кокошки и петли. 

На Твитер се појави фотографија сликана во близина на Бит пазар, на булевар, а живината слободно си се движи низ тревникот. Овој дел од градот е своевиден центар, особено за викендите. 

Не знаеме како завршила оваа викенд-прошетка на овие кокошки и петли, дали биле продадени или само пуштени да се раздвижат, но сигурно им било доживување да бидат на лице место на еден од најпрометните булевари во градот.