Скопска „спонзоруша"

Терминот "спонзоруша" служи за етикетирање на одреден тип на однесување. Покрај тоа што таа "се пали само на шушки" , таа  се грижи за својот изглед, има изградено сопствен животен стил и се труди да го задржи своето добро име.

Постојат два типа на скопски девојки кои "бркаат" само богати момци, дедовци  и како најбитната работа на светот им е да не им се скршат гел ноктите или да носат "марка" облека, купена со "нечии" пари.

Евтина копија од некој бренд

Газот и градите во преден план, кармин ставен на усната во облик на буквата О. Носат евтина копија од некој бренд. Се смеат со затворена уста. Исклучиво седат во познати кафулиња со познати градски фаци.Вечерта ја поминуваат седејќи со една пијачка во рака чекајќи некој да им пријде  за да ги почести и одвезе до дома со својот бесен автомобил.

 Девојки кои ловат лесен плен

Опасна група на девојки кои ловат лесен плен, што ќе го омажат и ќе му се уселат пред да каже „ДА“. Обично ова се девојки кои навистина се жедни по многу пари и нарушени семејни вредности или натурализирани скопјани со надеж за подобар живот. Овој тип на девојки ако начекаат добра прилика итро ја започнуваат играта, пополека влагаат во животот на дечките манипулирајќи ги со својот изглед во кој тие вложуваат. За почеток се прават елита и јадат по сакпи ресторани.

"Спонзоруши" има насекаде, ги имало и ќе ги има. Некого го натерала маката, а некого бесот и бессмисленоста на сопственото постоење. За некого макотрпна е и оваа работа, треба да се тактизира, да се биде добра љубовница и фина девојка истовремено. Очигледно за да се стане спозноруша треба да поминете низ еден тежок цел процес.