
ЈП Водовод и канализација известува дека попладнево со прекин во водоснабдувањето се корисниците од населбата Сингелиќ.
Оттаму информираат дека поради уличен дефект на улицата Томас Минцер 30, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Сингелиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:30 часот до завршување со санација на дефектот.