Скопје се потесно, нови згради никнуваат преку ноќ, а цената на квадрат се повисока

Главниот град од година в година станува се потесетен за жителите. Градот се проширува, изникнаа нови населби, се изградија стотици станбени објекти, но очигледно побарувачката е сеуште голема и во континуитет се продолжува со изградба на нови згради. Многупати досега прочитавме дека пазарот за недвижности е презаситен и дека ќе падне цената на квадратот, сепак тоа никако да се случи, туку напторив, цената постојано расте. Во населбата Аеродром не можете да најдете метар квадратен под 1050 евра, додека пак во населбата Карпош цените за квадрат се движат над 1100 евра.

Зграда до зграда, речиси и да нема приватност, бидејќи толку блиску се градат нови згради што секој може да ѕирне во туѓата дневна или спална. Новите згради речиси и да немаат паркинг место, а оние згради кои имаат, се продаваат од 3000 до 5000 евра.

-Роден сум во населбата Кисела Вода и оваа населба беше најубавата во Скопје, а сега тврдам дека е најлошата. Во населбата Кисела Вода нема тротоари, не па паркинзи. Станбените објекти се градат една до друга, на два метри оддалеченост, па секому може да му ѕирне во дневна или во спална соба. Општината издава дозволи, инвеститорите се богатат, локалната самоуправа не вложува во никаква инфраструктура, иако е на преубава местоположба. Можам да кажам дека нешто слично се случува и во Општината Аеродром, постојано се гради и никнуваат нови згради. Сепак, морам да признаам дека во општината сеуште има ред и со план се градат зградите, има паркинг простор, кој секако треба да се плати. Сепак, доколку се продолжи со ова темпо на изградба на станбени објекти набрзо ќе бидат како Кисела Вода, вели Зоран кој живее во населбата Кисела Вода.

За разлика од населбите кои се поблиску до центарот на градот, периферијата на Скопје ги нема овие проблеми. Квадратот во овие делови на градот е речиси дупло помал, зградите имаат бесплатен паркинг, тивко е, а и од центарот на градот е одалечено 8-9 километри.

-Земавме стан во населбата Хиподром 2, таа е нова населба која сега се гради. Цената на квдрат таму е 700 евра, а имаме и огромен бесплатен паркинг пред зграда, кој го направија инвеститорите. Имам дете 2 години и потребно ми е мирно и семејно место. Во Аеродром и Кисела Вода нема веќе мир и спокој, а да не зборам дека треба вртам кругови додека најдам паркинг место. Во Европа секој гледа со семејството да избега во периферијата каде ќе живее спокојно, само кај нас сите сакаат да живеат во гужви. Со автомобил ќе стигнам каде што ќе посакам, а и со “големината“ на Скопје, од каде и да тргнам ќе стигнам за 20 минути до центар. Населбата Хиподром е одалечена 8-9 километри од центарот, а јас заштедив при купување на квадрат, единствено што очекувам е Општината Гази Баба да вложи повеќе во оваа нова насебла и истата да добие инфраструктура и се што стои како проект во оваа населба, истакна Антонио.

new nike air max 2019