Скопје се подготвува за Водици (фото)

Православните верници денеска го слават големиот христијански празник Богојавление - Водици, кој се празнува уште од вториот век. Празникот е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Скопје веќе се подготвува за одбележувањето на големиот христијански празник.

Пријавени се 140 граѓани за учество на манифестацијата „Водици 2019“. Централната манифестација ќе се одржи напладне кога архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе го спушти крстот во Вардар од мостот кај хотелот „Холидеј Ин“.

Претходно тој ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а во 11:45 часот богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде ќе се одржи традиционалната верска манифестација.

cheap nike air max 90