Големи најави за претстојниот концерт на легендарниот Здравко Чолиќ во Скопје.
Имено тој по шест години се враќа ексклузивно во Скопје, за прв пат со симфониски оркестар. Концертот е закажан за 19.март во арената „Борис Трајковски“, а билетите се движат од 500 - 4000 денари.
За претстојниот месец, февруари, за во Скопје е закажан голем концерт на регионалната музичка ѕвезда и една од најпопуларните пејачки на Балканот, Милица Павловиќ.
- На 14 февруари за Денот на Вљубените публиката ќе има можност да ужива во експлозија од неверојатна енергија и апсолутен аудио-визуелен спектакл, најавуваат организаторите.
Концертот е закажан за во арената „Борис Трајковски“.