Скопје се испразни за продолжениот викенд - изгледа како да има полициски час!

Ништо ново не се празните улици низ Скопје за време на продолжениот празничен викенд. Речиси секогаш е така, иако оние скопјани кои останаа во Скопје се шегуваат дека градот изгледа како во него да има полициски час и дека на сообраќајниците може да се игра фудбал. 

Така беше и овој пат. Добар дел скопјани побрзаа да го остават Скопје да одмори ден-два, а веќе од утре се знае - градот ќе се врати на стариот рутински режим кој подразбира возачи, пешаци, велосипедисти, итање...