И оваа зима енормно аерозагадување во Скопје, а градот често предничи и пред Банкок. Но, се чини дека таму се превземаат некакви конкретни мерки за да се намали влијанието од загадениот воздух, за разлика од Скопје.
Главниот град на Тајланд во моментов е седмиот најзагаден голем град во светот, а според најавите на надлежните најголемиот дел од јавниот превоз во Бангкок ќе биде бесплатен една недела во обид да се намали загадувањето на воздухот. Аерозагадувањето се „растеруваше“ и со водени дронови.
- Железничкиот систем на главниот град Skytrain и автобуските услуги ќе бидат бесплатни за корисниците од сабота, изјави министерот за транспорт Сурија Хуангронгруангкит, изразувајќи надеж дека оваа политика ќе помогне да се намали загадувањето.
Загадувањето на воздухот во главниот град на Тајланд принуди затворање на повеќе од 350 училишта деновиве, соопштија градските власти.
Во Скопје ситуацијата е непромената. Конкретни мерки од Град Скопје нема. Оттаму потенцираат дека се санкционираат сите загадувачи, а често и ги посочуваат загадувачите и надлежноста ја префрлаат кон други институции. Граѓаните забележуваат дека од Град Скопје се без конретна акција, барем минимална, за намалување на штета од загадениот воздух во одредени денови.
Инаку, Македонија на врвот на листата по бројот на смртни случаи од загадување на воздухот.