Скопје на врвот на листата со скоро 10 илјади активни случаи

Министерството за здравство информираше дека вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 51213, бројката на оздравени пациенти е 30204, на починати е 1423, а бројот на активни случаи изнесува 19586.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов Скопје е на врвот на листата со 22562 случаи од кои 9479 активни случаи. Втор на листата по бројот на активни случаи е Тетово (активни 978) , а веднаш потоа е Прилеп (активни 968). 

Во моментов во општината Гази Баба се регистирани вкупно 1385 активни случаи и оваа е општина е со најголем број активни случаи. Веднаш после неа е општината Аеродром со вкупно 1382 активни случаи.