Скопје и натаму со најголем број на заразени и починати од корона вирус

Скопје и натаму на врвот на листата на заразени со корона вирус. 

Согласно последниот извештај од Министерството за здравство во Скопје има 132 нови случаи на корона вирус, во изминатите 24 часа. 

 Од вкупно регистрирани 18 починати лица, во текот на вчерашниот ден, 9 се од Скопје (85г, 80г, 69г, 67г, 64г, 61г, 59г, 57г, 52г).

За еден ден во Скопје, вчера, оздравеле 189 пациенти. 

Надлежните информираат дека во моментов во главниот град активни се вкупно 5.791 корона случаи. 

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.705 бројката на оздравени пациенти е 164.383, на починати е 6.277, а бројот на активни случаи изнесува 13.045.