Скопје и денеска во врвот на светската листа на најзагадени градови

Скопје и денеска е меѓу најзагадените градови во светот. Граѓани алармираат за отровниот воздух кој што го дишеме и се жалат дека никој ништо не превзема за овој животнозагрозувачки проблем.

- Полека, но сигурно, Скопје пак брза да си го врати првото место во светот. Кај и да е, со температурнава инверзија, нема да чекаме долго за тоа! Ајде Скопјенце, можеш ти тоа. Вие од власта, спијте мирно. Не е до вас, до ќумбињата е - напиша утрово наша сограѓанка на социјалните мрежи.