Скопје е новото жариште на Корона во Македонија

До 21 часот денеска се регистрирани уште 6 лица позитивни на корона вирусот, информираше вечерва министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи. Бројката на регистрирани заболени во Македонија сега е 76, со тоа што денеска беа регистрирани рекорден број на случаи од почетокот на заразата во земјава, вкупно 28.

Со тоа бројот на регистрирани заболени во Скопје (40) го надмина бројот на регистрирани заболени во Дебар (30), каде е прогласена кризна состојба. По два случаи се регистрирани во Штип и Кавадарци и по еден во Гостивар и во Охрид. Дополнително, 3.787 лица се во самоизолација, а 349 под надзор на Министерството за внатрешни работи.

Градот кој како феникс се издигна после страшниот земјотрес во 1963 година, кој се врати во нормала од големата поплава пред земјотресот, градот кој го преброди големиот воен конфликт, денес е исправен пред уште еден тежок и сериозен предизвик. Сите заедни мора да покажаме високо ниво на свесност и заедно да го пребродиме и овој тежок момент.