Скопје „е далеку“ од Белград! Таму бесплатен јавен превоз, тука никаков

Главниот град на соседна Србија за помалку од две недели ќе добие бесплатен јавен превоз. Скопје „е далеку“ од Белград, и во вистинска и во преносна смисла на зборот. 

Со оглед на постојаните проблеми со ЈСП-Скопје, иако беше ветено, Скопје нема во блиска иднина да добие бесплатен јавен превоз. 

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, најави дека јавниот превоз во Белград ќе биде бесплатен за сите од 1 јануари 2025 година.

„Од 1 јануари 2025 година целиот јавен превоз во Белград ќе биде бесплатен. Тоа значи дека веќе никој нема да мора да плаќа билет. Нема веќе месечни, годишни или попуст-билети. Со оваа социјална мерка Белград станува единствениот град во Европа со повеќе од половина милион население, кој има бесплатен превоз“, рече Шапиќ на прес-конференција, пренесуваат српските медиуми. 

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, сепак, не го оствари, сличново свое ветување. 

- Најавувам дека во следниот буџет веќе го буџетираме бесплатниот јавен превоз за сите граѓани. Ќе биде ставена и оваа одлука пред советниците кога ќе гласаат за буџетот во 2024 година, изјави Арсовска кон крајот на минатата 2023 година

Но, сепак, се остана на празно ветување. 

Не само шти нема бесплатен, нема никаков јавен превоз, е најчестиот коментар на скопјани.