
Скопјанка завршила во болница откако била нападната на автобуска постојка во Автокоманда.
Како што информираа во денешниот полициски билтен денеска во 19:40 часот од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив е донесена со повреди А.Г.И. (55) од Скопје, која истиот ден околу 17:10 часот на автобуска постојка во населбата Автокоманда била физички нападната од машко лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.