Скопјанка затајувала данок и го оштетила државниот буџет за 267.721 денар

Поднесена е кривична пријава против 31 годишна скопјанка поради основи на сомнение дека затајувала данок.

Пријавата е поднесена од страна на Единицата за економски и компјутерски и криминал при СВР Скопје.

Од МВР информираат за случајот:

-Пријавената, во текот на 2021 година примила 43.532 евра преку брз трансфер, но не го пријавила приходот и не поднела задолжителна даночна пријава до Управата за јавни приходи. На тој начин, таа избегнала да плати данок на личен доход во износ од 10 отсто од вкупниот остварен доход или 267.721 денар, а за што била законски обврзана - информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, со ваквото дејствие таа го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија за износ од 267.721 денар.