Скопјанка тешко повредена при симнување од автобус

Скопјанка е тешко повредена при симнување од автобус на ЈСП. 

На 21.09.2022 во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Мајка Тереза“ во Скопје, М.В.(66) од Скопје, при симнување од автобус на ЈСП, паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.