Скопјанка среде бел ден насилно ограбена во Гази Баба

63-годишна жена вчера рано наутро била ограбена во Гази Баба.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (09.02.2026) во 13:20 часот во СВР Скопје, Ш.Р.(63) од Скопје пријавила дека околу 09:05 часот на подрачјето на Гази Баба, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело личен накит.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.