Во полициска станица од страна на 20-годишна скопјанка било пријавено дека била ограбена во автобус на ЈСП. Непознато лице и го одзел паричникот со пари и лични документи.
„На 05.12.2024 во 15.45 часот во СВР Скопје, М.Р.(20) од Скопје пријавила дека околу 14.50 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Бутел, едно лице ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР“, се вели во билтенот на МВР.