Скопјанка истепана и ограбена од нејзиното момче

Во текот на вчерашниот ден била нападната 27-годишна девојка во Горно Лисиче.

-На 10.05.2023 во 18.47 часот во СВР Скопје, 27 - годишна скопјанка пријавила дека на подрачјето на Горно Лисиче била физички нападната од нејзиното момче С.Н., кој и одзел чанта со пари, документи и мобилен телефон, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.