Скопјанка два пати во еден ист ден пријавила два различни физички напади од нејзиниот сопруг

Скопјанка два пати во еден ист ден во полициска станица пријавила два различни физички напади од нејзиниот сопруг

„Вчера во 00.28 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од скопско пријавила дека околу 00.10 часот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг Ѓ.И.(39), кој ѝ го оштетил мобилниот телефон и кој потоа физички нападнал ѝ едно машко лице. Исто така, истиот ден во 18.40 часот таа пријавила дека на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба, сопругот повторно физички ја нападнал и го оштетил нејзиното возило“, пишува во полицискиот билтен.

Од полциијата посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.