Скопјани уживаат во новогодишната атмосфера на градот

Речиси еден месец пред Нова година, а во Скопје завладеа една убав празнична атмосфера.

На плоштадот “Македонија” се постави новогодишната елка, улиците се накитија, а оваа година по втор пат се отвори и Винтерленд населбата.

Сите патишта деновиве водат кон плоштадот. Скопјани уживаат во новогодишната атмосфера. Се пие греано вино, се јадат печени костени, кои мирисаат од километар.

Откако градот е соодветно украсен во пресрет на Нова година, речиси постојано можат да се забележат млади но и повозрасни насмеани лица низ улиците на Скопје.

И не само скопјани. Доаѓаат од сите градови од внатрешноста да уживаат во она што го има во главниот град.

Плоштадот е осветлен, со една посебна празнична магија. Ведрина се гледа на лицата на луѓето, кои некако со надеж од наредната година очекуваат нешто многу повеќе, поубаво за себе и за своите најблиски, еден поубав, помирен и поспокоен живот.