Скопјани споделија во која пекара се приготвува најубавиот скопски бурек

Ги прашавме скопјани „Во која скопска пекара се приготвува најубавиот скопски бурек?“

Одговорите на љубителите на овој гастрономски специјалитет се различни! 

Најмногу реакции има откако изминатавие година-две цената на „четвртина“ драстично скокна, па така за еден оброк треба да се одвои и до 100 денари. Поплаките се и дека не се става квалитетно месо и/или сирење! 

- Никаде! Од кога почнаа да ставаат растително сирење и соја, за да уштедат на грб на потрошувачот, од кога ги намалија за 2 броја тавчињата за печење, а цената не ја намалија, и за уште 100 други работи, никаде нема веќе убав бурек, споделува еден скопјанец. 

- Кај „Маче“ во Аеродром позади Капитол. 

- Буњаковец на пазарчето! 

- Фурна Св.Никола на Водњанска. 

- Во Кисела Вода, во „Дијамант Мони“. 

- Во „Круна“ на Чешма, во Кисела Вода.

- Сараево - Карпош 4.

- Ајсен - Ченто, последна 23/45ка, има само со месо, сирење и спанаќ онаа стара рецепта со кромид во месото.

- Никаде,секаде е со урда и соја, а спанаќ и праз во зелник се ставаат.

- Пекарница Вршник спроти пазарот Ѓорче, по вкусот ме потсетува на бурекот од Ванила.

- Во Драчево каде и да пробате е ужас,мислиш имаат натпревар за грд бурек, вели скопјанец. 

Како е да е, сепак е прашање на личен вкус! Несомнено, во Скопје има каде да се проба од традиционалниот бурек, омилен специјалет на многумина!