Скопјани со пиштоли ги „расчистувале сметките“, интервенирала полицијата

Министерството за внатрешни работи информира дека утрово во 02.10 часот од полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар биле приведени Р.Х.(32) и Х.Ц.(61), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.386 од Кривичниот законик.

Според полицискиот билтен вчера околу 23.45 часот на подрачјето на Бит Пазар, додека П.С.(33) бил со И.Џ.(40), и двајцата од Скопје, Р.Х. со тврд предмет го нападнала П.С., а Х.Ц. со пиштол упатил закани кон П.С. и И.Џ..

Од страна на полициски службеници од Х.Ц. со потврда бил одземен пиштол „Застава“ калибар 7,62 мм. и една рамка со девет куршуми.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.