Скопјани смрзнати како пингвини - герила акција низ скопските улици

Центарот за современи уметности (ЦСУ) денеска со акција - пингвини кои „шетаат“ низ Скопје, кои се симбол на жителите кои во последно време се соочуваат со се поладни радијатори, со што нивните домови заличуваат на поларни куќи, велат од ЦСУ.

Насловот на уметничката акција е „Метаморфози и еволуција – Скопјани и топлификација“, посветена на проблемот со парното греење во Скопје, додаваат тие.

„Со оваа акција исто така сакаме да ги предупредиме скопјани кои се затоплуваат со централно парно греење дека се поизвесно е дека од утре заради немањето гас на топлификација и заради кавгите на релација Град Скопје – Влада – БЕГ – Регулаторна комисија е можно парното во нивните домови на овие минусни температури да биде слабо или да го нема а тие да се чувствуваат како пингвини“, велат од Центарот за современи уметности.

Акцијата е дел од урбаните уметнички акции на Центарот за современи Уметности и е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество Македонија.