Скопјани секој ден пријавуваат каснувања од кучиња, вчера настрада и малолетничка

Речиси и нема ден да нема пријавување на каснување од улично куче во главниот град. 

Во просек, секој ден има една, две или три пријави до МВР, а се однесуваат за различни делови од Скопје.

Не ретко жртви на бездомните кучиња се и малолетни лица. 

Вчера се пријавени три каснувања во Скопје.

Во Полициската станица Кисела Вода, Ц.К.(48) од Скопје пријавила дека во с.Долно Соње нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Во Полициската станица Аеродром, Ф.Б.(31) од Скопје пријавил дека на бул.„АВНОЈ“ бил каснат од куче скитник.

И во 18.00 часот во Полициската станица Аеродром, С.К.(27) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.