
Синоќа во 20:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Р.(53) и Б.Р.(20) двајцата од Скопје.
Како што се наведува во полицискиот билтен, при пресметакта, Б.Р. употребил тврди предмети, додека А.Р. со остар предмет се обидел физички да го нападне Б.Р, но бил спречен во намерата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.