Скопјани се против Скопје да остане темно за Нова Година

Декември – месец кој се чини дека најмногу го очекуваат најмалите затоа што носи новогодишна магија.

Голема елка, светлечки украси во сите бои, Дедо Мраз...на празниците им се радуваат и повозрасните со надеж дека годината која претстои ќе биде подобра од оваа која ја испраќаме.

Скопје традиционално секоја година блеснува во новогодишен сјај. Градскиот плоштад е место каде секој декември пулсира убавата бајка, а родителите и бабите и дедовците брзаат да ги однесат најмалите да се порадуваат. Во центарот на Скопје предновогодишно доаѓаат и од други градови кои ја користат приликата да уживаат во амбиентот и музичката програма.

Годинава малку се променија работите, па така сè уште не се знае колку и како ќе се украси метрополата, со оглед дека новата градоначалничка, Данела Арсовска, го раскина договорот за украсување склучен од нејзиниот претходник. Вети дека Скопје нема да биде тажно за празниците.

Соседните градови ќе блеснат новогодишно, а дали Скопје ќе остане темно ќе видиме наскоро!

Ги прашавме граѓаните што мислат на оваа тема!

Повеќето се на ставот дека во време кога стресот е секојдневие повеќе од потребна е празнична атмосфера која барем за миг ќе ни ги оттргне мислите од кризите со кои се соочуваме.

-Украсувањето е традиција, доза оптимизам дека не е се така црно, па затоа Скопје треба да блесне. Треба да се украси, но не тоа да чини енормни суми, вели еден граѓанин.

-Тажно време, тмурно, сивило, депресивно. Барем за Нова Година да биде светло и весело. Нормално да не се претерува, е ставот на друг скопјанец.

-Нека биде поскромно, ама не до толку црно и темно да гледаме, вели една скопјанка.

-И онака сме „отидени“, особено децата. Да им се ускрати оваа радост? Да излезат на водух, да се радуваат. Парите биле планирани, а дали со оваа одлука ќе се заштеди отом-потом, коментира еден родител.

-Градот ни е убав и трева да блесне во најубаво новогодишно светло, па барем сега жена градоначалник ќе знае како најубаво да го украси, вели граѓанин.

-Каде сте виде главен град на една држава да не се украсува, вели една скопјанка.