Скопјани реагираат за пожарот во Центар: Кај што има чад, има и бетон - 1500 евра за метар квадратен!

Скопјани како да се навикнати дека по секој пожар, на истата локација каде што горело, ќе никне нова зграда. Вчерашниот пожар кај „Даре Џамбаз“, кај Рампа во Центар не е исклучок, сметаат скопјани.

Велат кај што има чад има и бетон, па така се очекува на ова место да се изгради нова повеќекатница со оглед на тоа дека станува збор за атрактивна локација.

Опожарени се околу 300 метри квадратни, а станува збор за бараки во кои било диво населено ромско семејство кое било отстрането од таму по неколку месеци.

Првиот човек на општина Центар, Герасимовски, рече дека ќе се истражи во чија сопственост е ова земјиште.

-Не знам што подразбира градоначалникот под тоа "ќе се испитува чие е земјиштето" кога тоа е јавно достапна информација на катастар која се добива со еден клик на маусот.земјиштето и објектот се во сосопственост на две градежни компании, па нека ги праша директно нив, реагира еден граѓанин. И другите граѓани со сличен став.

-Сега 15-катница ќе никне, само што не отруја со чадови тоа е друга работа.

-Полесно и поевтино е да го запали инвеститорот, отколку да плати фирма за рушење на објектот.

-1500 евра за метар квадратен – мириса на нова зграда.

-Зарем не е очигледно дека се палат напуштени објекти (бараки) во кои диво се вселени бездомници и тоа во центарот на градот што многу кажува колку нашата држава која уставно се декларира за социјална се грижи за имотот и луѓето. Срамота.

Пожарот вчера беше успешно изгаснат со 6 противпожарни возила и 20 пожарникари и за среќа нема повредени лица.