Скопјани ќе треба да учат како да селектираат и одложуваат отпад

Со новата комунална опрема, во Скопје конечно се создаваат услови видливо да се подобри состојбата со хигиената на јавните површни.

Во овој процес треба да учествуваме сите заедно – ние како институции, но и граѓаните како луѓе што го сакаат својот град, чист и убав.

Секој во рамките на својата општествена одговорност конечно да го заземе вистинското место и да го даде својот придонес за почисто и поубаво Скопје“-се вели во известувањето од Град Скопје.

Набавени се 540 нови контејнери, 30 нови контејнери за селектирање на отпад, 950 нови корпи за џебен отпад, 12 електрични машини за вакумско чистење и 10 електрични возила за чистење и миење на јавни површини, како и камиони за подигнување на новите контејнери.