Скопјани ќе бидат во тек - По подолго време, повторно активна фејсбук страницата на Град Скопје

Се враќа ли транспарентноста на Град Скопје? По подолго време, повторно активна фејсбук страницата на Град Скопје. На истата утрово објавија најава за седница на Советот на Град Скопје. 

- Денес 14.11.2025 година (петок) во 11:00 часот ќе се одржи втората седница на Советот на Град Скопје, стои во објавата. 

Инаку, оваа фејсбук страница, за време на мандатот на претходната гардоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска, беше активна, но не толку често. Последната споделена објава е од крајот на јуни. 

Кончено, ќе профункционира ли транспарентноста на Град Скопје, откако функцијата ја превзема новиот градочалник Орце Ѓоѓриевски, останува да видиме, со оглед дека скопјани сакаат да бидат информираат за она што се работи во нивниот град каде плаќаат давачки!