
Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски, на вчерашната прес конференција за медиумите, најави дека до крајот на идната година Скопје ќе добие нов Луна парк.
- Со Флораком и Луна се обновува зелената инфраструктура и се враќа Луна паркот, кој ќе биде завршен во втората половина на 2027 година, рече тој.
- После повеќе од една деценија лажни ветувања, конечно на децата ќе им обезбедиме современ простор за забава и спомени“, истакна Ѓорѓиевски.
Претходно, беше најавено дека Луна паркот ќе биде ултра модерен простор исполнет со ролеркостери, водени атракции, интерактивни игри, зони со виртуелна реалност и целосно ново ниво на урбана забава. Посебно внимание ќе се посвети на пристапноста, односно
Луна паркот ќе биде комплетно прилагоден и за лицата со попреченост, со најсовремени системи за безбедност, видео надзор и прва помош.
Ккако што најавува скопскиот градоначалник на просторот од 84.000 квадратни метри ќе никне место каде семејствата ќе поминуваат квалитетно време заедно, каде ќе има зони за одмор, улична уметност, локации за културни настани и театар со затворена сцена.
Панорамско тркало, пиратски брод, подморница, среќна лулашка и уште многу други реквизити ќе создадат уникатна атмосфера која ќе го збогати туристичкиот имиџ на Скопје.