Скопјанец со тешки повреди донесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“

Министерството за внатрешни работи информира дека утрово во 03.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди бил донесен Љ.Д.(45) од Скопје, кој додека извршувал работни задачи паднал и се повредил.

Се работи на расчистување на случајот.