
73-годишен скопјанец се онесвестил и паднал додека се движел пеш на кејот на реката Треска, кај Матка.
Случајот бил пријавен вчера во 12:50 часот во СВР Скопје.
- На Б.К., додека се движел пеш, му се слошило, по што паднал, а потоа бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, информираа од МВР.
Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.