Скопјанец се обидел да спречи тепачка, го удриле со пиштол по главата

Повреден 21-годишен скопјанец при обид да спречи тепачка информираат од МВР. Тој бил удрен со пиштол по главата.

Немилиот настан се случил на 16 февруари околу 07:00 часот во дом на негов пријател во населбата Ченто. Од она што е пријавено настанала расправија помеѓу А.А. и неговиот другар при што настанала физичка пресметка. Кога Д.Т. (21) се обидел да ги раздвои, А.А. го нападнал и го удрил со пиштол.

Полицијата работи на расчистување на случајот.