Скопјанец се бори за живот - тешка сообраќајка во Бутел

Скопјанец се бори за живот по страшна сообраќајка која вчера наутро се случила во скопски Бутел. Според информациите кои ги соопшти МВР вчера во 07.10 часот во ул. „Призренска 2“ 43 годишниот З.С. од селото Кучевиште, скопско, со својот Пежо Партнер од непознати причини излетал од патот. Со Брза помош бил префрлен во болница каде му се констатирани тешки телесни повреди и се уште се наоѓа во животна опасност.