Скопјанец пуштил во промет фалсификувани евра

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Н.Х.Л.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“.

На 26.01.2022, пријавениот на бензинска пумпа платил со фалсификувана банкнота од 500 евра, што било потврдено и од извршената проверка на банкнотата од страна на НБРСМ.