Скопјанец пукал во кучето на соседот

Во полициската станица во Драчево било пријавено дека на улицата „Малешевска", К.В. (67) од Скопје испукал два куршуми од пиштол и повредил куче, сопственост на негов сосед, кое било во неговиот двор.

Според пријавеното, претходно К.В. пријавил дека неговиот сосед ги чува кучињата без надзор. Полициски службеници излегле на местото и од К.В. бил одземен пиштолот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.