Скопјанец пронајден починат, наредена обдукција

На 25.10.2021 во 23.35 часот во СВР Скопје, Б.Е.(22) од с.Глумово, скопско, пријавил дека околу 23.30 часот во негов стан сопственост на подрачје на Бит Пазар го пронашол починат Љ.Р.(60) од Скопје кој престојувал во станот и за кого се грижел тој.

Лекар од  Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено во судска медицина-Скопје за обдукција.