Скопјанец пријавил дека возилото го дал на поправка, но не му го вратиле со месеци

Во текот на вчерашниот ден во Полициската станица Карпош бил повикан Н.С.(34) од с.Глумово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

На 10.09.2021, Д.С.(51) од с.Бардовци, скопско, пријавил дека на почетокот на јули со Н.С. се договорил да му го поправи неговото возило, но до денот на пријавувањето Н.С. не му го вратил возилото поправено и секогаш наоѓал разни изговори. 

Со Н.С. бил извршен разговора, а возилото „опел омега“ било најдено и вратено на сопственикот Д.С..

По целосно документирање на случајот против Н.С. ќе биде поднесена пријава по член 239 од Кривичниот законик.