Скопјанец превезувал мигранти со „Порше Каен“

Министерството за внатрешни работи информираше дека во петокот во 04,50 часот постапувајќи по наредба за вршење на служба, мотопатрола од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“ на место викано „обиколница Костурник“, забележала патничко моторно возило „Порше Каен“ со скопски регистарски ознаки, кое се движело со голема брзина по автопатот Куманово-Граничен премин „Табановце“.

Мотопатролата се упатила по возилото и го пристигнале, по што возачот ги симнал мигрантите кои ги превезувал и избегал. На местото на настанот затекнати биле 10 лица-мигранти од кои седум лица од Пакистан, две лица од Турција и едно лице од Сирија по што биле пренесени во Транзитниот центар Табановце.

Полицијата работи на пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.