Скопјанец преку пораки им се заканувал по живот на родителите, па татко му го пријавил во полиција

60-годишен скопјанец го пријавил својот син во полиција, бидејќи добивал заканувачки пораки по неговиот живот и животот на неговата сопруга.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (23.01.2026) во 11:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(27) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 60-годишен татко, дека на 22.01.2026 околу 00:30 часот на мобилниот телефон добил заканувачки пораки за неговиот и животот на неговата сопруга.

По целосно документирање на случајот, против Д.А. ќе следува соодветен поднесок.