Скопјанец подметнал пожар

Полициски службеници од Полициска станица Драчево, вчера, привеле едно лице кое потпалило сува трева.

МВР во својот извештај наведува дека станува збор за лицето Ф.С.(59) од село Долно Количани, скопско. 

„ Постапувајќи по пријава од 09.08.2022 во 11.55 часот, според која покрај патот кој води за с.Парагуша било забележано едно лице кое управувало патничко возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, како со запалка ја запалило сувата трева покрај патот, биле преземени мерки и активности и лицето е пронајдено и приведено. Притоа, пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Скопје“, велат од МВР. 

Во координација со Јавен обвинител по целосно документирање на случајот, против Ф.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.