Скопјанец починал во својот стан откако го каснал стршлен

Скопјанец на возраст од 49 години бил пронајден починат од страна на Итната медицинска помош во неговиот стан, на улицата Никола Русински.

На местото на настанот била затекната В.М.(57) од Скопје, која изјавила дека претходно добила повик од мажот кој и кажал оти го каснал стршлен и побарал од неа да повика итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила полицијата, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.